Секс на јавно место

Колку и да ви звучи примамливо оваа секс идеја, може да се случи толку многу да се грижите да не бидете фатени на дело со партнерот, што воопшто нема да уживате во самиот секс. А, може да се случи и навистина да бидете фатени, а тогаш нема добро да си поминете.

Поливање во топол восок по ерогените зони

Ако се одлучите на поливање на ерогените зони како на пример брадавиците, со врел восок, многу работи можат да тргнат наопаку. Ако восокот е претопол, можете да предизвикате изгореници на чувствителните делови од телото.

Секс и храна

Чоколада, шлаг и разни други десерти можат да бидат одличен додаток во сексот, но внимавајте каде ги ставате. Нанесување на храна ја „јужните” делови може да резултира со вагинална инфекција.

Садо мазо игри

Многу играчки и разни додатоци се тука за да го зачинат сексуалниот живот, но некои екстремни работи како ланци, јажиња, камшици и слично, повеќето луѓе нема да ги дочекаат со воодушевување. Не впуштајте се во никакви перверзии ако не сте сигурни дека вашиот партнер ги сака.