Пратеникот Љупчо Пренџов од ГРОМ, на последниот ден од расправата за Буџетот за 2021 година истакна дека ова е најголемиот буџет во историјата на Република Македонија, а во него нема предвидено средства за неколку важни капитални проекти како патишта, железници, Клинички центар, борба со  аеродзагадување, ниту за браната Чебрен.

Тој додаде дека затоа има пари за партиски вработувања, мебел и возила за функционерите, бадеми и купување на гласови.

Владата и пратениците не собраа храброст да кажат пред граѓаните дека:

1. НЕМА предвидено средства за автопатот Велес – Прилеп – Битола Меџитлија.

2.НЕМА предвидено средства за магистрален пат Гостивар- Кичево.

3. НЕМА предвидено средства за изградба на железница кон Дебар и поврзување со Албанија.

4.НЕМА предвидено средства за железницата кон Бугарија.

5. НЕМА предвидено средства за изградба на нов КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР.

6. НЕМА предвидено средства за изградба на браната Чебрен.

7. НЕМА предвидено средства за изградба ниту на Бошков Мост, ниту на Галиште.

8. НЕМА предвидено средства за борба против аерозагадувањето…..

Ама затоа ИМА предвидено средства за

1. Привремени ПАРТИСКИ вработувања на членствата на СДСМ, ДУИ и БЕСА.

2. ИМА пари и за нов мебел на нивните функционери.

3. ИМА пари и за нови возила.

4. ИМА и за лешници, бадеми, индиски ореви.

5. ИМА и за ваучери за купување на гласови.

Оваа генерација на НЕдржавотворни политичари, континуирано се однесуваат како народните пари да се нивни , од дома донесени. Ниту имаат слух за потребите на граѓаните ниту чувство на одговорност кон вистинските сопственици на сите тие милијарди кои безмилосно и душмански ги трошат.

Новата генерација на политичари ова ќе го сопре, ако не во овој пратенички состав, тогаш сигурно во следниот. Ова е последниот недржавотворен и ненароден Буџет. Следниот ќе се донесе со нов пратенички состав и заедно со граѓаните. Се разбира, за сѐ до сега ќе има и ОДГОВОРНОСТ!“ вели Пренџов

Денес е последен ден од расправата за Буџетот за 2021 година. Ова е најголемиот Буџет во историјата на Р. Македонија….

Posted by Љупчо Пренџов on Sunday, December 20, 2020