По тврдењето на поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески дека Македонците се Бугари, и македонската историја е бугарска историја, претседателот Стево Пендаровски излезе со соопштение. Малески е платен советник во неговиот кабинет,

Ова го порача претседателот Пендаровски во врска со скандалот:

Во врска со написите поврзани со неодамна јавно искажаните ставови на професорот Денко Малески поврзани со македонско-бугарските односи, во прилог ви го доставуваме ставот од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски: 

„Професорот Денко Малески е надворешен советник на претседателот Пендаровски, кој има уште двајца надворешни советници за прашања од областа на надворешната политика. Во Кабинетот, постојани советници за овие прашања се амбасадорот Гоце Карајанов и д-р Александар Љ. Спасов со кои претседателот е во комуникација на дневна основа.

Освен споменатите, претседателот се консултира и со многу други експерти и професори од академската заедница и од МАНУ. Последните јавно искажани ставови на професорот Малески не кореспондираат со размислувањата и ставовите на претседателот Пендаровски за македонско-бугарските односи.

Меѓутоа, тој факт не значи дека претседателот Пендаровски не треба да соработува со професорот Малески. Одамна е зад нас времето кога сите советници на претседателот и премиерот, до последен, имаа задача само да ги повторуваат ставовите на своите претпоставени.“

Ова не е инцидент. Да се потсетиме на генезата. Прво Зоран Заев потпиша национална капитулација со Бугарија, потоа претседателот Пендаровски изјави дека Гоце Делчев е Бугарин, сега советникот на Пендаровки изјавува дека сите сме Бугари…