Наскоро во киносалите доаѓа еден од очекувание фимови на годината „The Legend of Tarzan”, главна улога Маргот Роби и Александер Скарсгард.

Иако Маргот секогаш е прекрасна, сега ни се чини дека подобро помина женскиот дел од публиката поради 39-годишниот Александер кој за улогата „спиел” во теретана.

На новите службени фотографии, Александер уште еднаш покажа стомачни мускули – поради што филмот ќе го гледаме двапати. Како што откри сам, за оваа улога се подготвувал со месеци, со строг режим на вежбање и секако исхраната.

По завршувањето на снимањето, тој откри дека само лежел во кревет четири денови и уживал во кујната на неговиот татко, актерот Стелан Скарсгард.

– Тој готвеше разни тестенини со богати сосови и пиевме само пиво и вино. Тоа беше најдобар викенд во мојот живот, откри Александер. [video:https://youtu.be/Aj7ty6sViiU]