Планетата тагува, сите се простуваат од легендарниот Марадона, а објавени се и последните зборови на еден од најголемите.

Марадона наводно после појадокот зборувал со внукот и му рекол “mi seinto mal” што во превод значи “лошо се чуствувам“ а потоа прилегнал. Заспал и повеќе не се разбудил.

И додека медиумите редум ги пренесуваат последните зборови на Ел Пибе, тука е и потсетување на интервју кое пред 15 години Марадона го дал за самиот себе во кое открил што сака да му биде напишано на надгобната плоќа.

– Фала за топката. Така нека пишува на мојот споменик – рекол тогаш Марадона.