Ова се новите правила како во блиска иднина ќе се патува со авион, а една од мерките би можела да биде патникот да се тестира на вирусот во последните 72 часа, особено за службени патувања што е во согласност со европските најави за поседување посебен “вирусен пасош“.

Флуктуацијата на луѓето во меѓународниот сообраќај е потенцијално ризик, но има уште три недели до тој период кога ќе бидат дадени конечни препораки.

Во препораките за патување со авион е и посебна која се однесува на сместување на патниците, а тоа е дека нема да се дозволи да седат еден до друг, туку со едно празно седишно место помеѓу нив. Државите се овластени сами да донесат пропис од кои други држави ќе се примаат патници на нивните аеродроми а речиси е сигурно дека на самиот аеродром при влез или пристигање ќе се врши термичка контрола на патниците, а доколку некој случај се смета за сомнителен патникот нема да биде пропуштен за влез во земјата во која патува.

Овие мерки во голем дел ќе ја поскапат услугата на авиокомпаниите кои мора де а се откажат од најмалку ена половина од местата во авионот.