Кои информативни портали во Македонија се најчитани, и највлијателни?

Бидејќи порталите се дигитални медиуми нивната читаност е лесно мерлива од страна на специјализирани системи како Гугл Аналитикс, за локални потреби, и референтни глобални системи кои детално мерат читаност на сите сајтови во светот, како Alexa на Амазон за кој треба да бидете претплатени, и Similarwеb.com кој дава јавно достапни податоци за десктоп читаност на сајтовите/порталите низ целиот свет, без потреба од претплата, па затоа секој може да ги види и добие сознание.

Одговор на прашањето кои македонски информативни портали се најчитани и највлијателни за месец Ноември 2020-та година добивме од прегледот на  Similarwеb.com. Лидер, најчитан информативен портал во Макeдонија е Вечер (vecer.mk)!

Висока чатаност на информативните портали, доверба од јавноста и влијание се добива тешко. Тоа бара многу време и постојано докажување, па затоа и има мали изненадувања во рејтингот на 12-те најчитани во однос на пред три месеци. Поместувањата во рејтингот се видни најмногу помеѓу 5-то и 12-то место на рејтинг листата. 

Во топ порталите се имиња кои во јавноста се присутни најмалку пет-шест години наназад, или многу подолго. Најдолг стаж има токму лидерот за Ноември – Vecer.mk, прв и најстар информативен портал во Македонија кој работи од март 2004 година.

Веќе со години на првите две места се менуваат порталите Вечер и Курир, а во првата петорка се и Република, Плусинфо и Слободен печат.

Ова е рејтинг листата на најчитани и највлијателни 12 информативни портали во Македонија за Ноември 2020-та година, со најмалку околу 1 милион прочитани страници на десктоп во Ноември.

Податоците се јавно достапни на Similarweb.com за Ноември 2020-та година.

Издавањето високо читани, стабилни и влијателни инфомативни портали е сложена и скапа технологија во која, заради работењето низ целиот свет и следење стандарди кои се исти за Америка, Кина или Македонија, мора да се следат виските технологии. Порталот Vecer.mk е лидер и меѓу македонските портали по нивото на технолошката опременост и пристап.

Порталот Вечер, како и порталот Vesnik.com од групацијата Максмедиа во која влегуваат 4 регионални портали, работат на платформа Drupal 9, врв во индустријата, а хостирани се на посебни (дедикејтед) сервери во Германија со најсовремена технологија: најнови дуал процесори од AMD Epic генерацијата и NVMe PCI Express дискови, со безбеден гарантиран заштитен промет преку Cloudflare системот за дистрибуција и заштита на пренос.

Резултатите од работта на уредниците, новинарите и примената на најсоврмена технологија се што повеќе од десет години по ред порталот Вечер е во врвот на рејтингот, довербата во јавноста и влијанието меѓу македонските информативни портали.