x

Ова се најдобрите дриблери сезонава – Меси не е во топ 3

adama-traore

„Планет фудбал“ објави список на најдобрите дриблери за сезоната 2019/20 меѓу фудбалерите од најдобрите пет шампионати во Европа. На првото место не е Лео Меси кој е познат по честите дриблинзи за време на натпреварите. Аргентинецот оваа сезона го зазема третото место. Втор е бразилскиот напаѓач на ПСЖ Нејмар, додека лидер е играчот од средниот ред на Вулверхемптон Адама Траоре. Играчот на „волците“ во просек има по 6,3 дриблинзи на натпревар. На четвртото место е играчот од средниот ред на Њукасл Алан Сен Максимин со 5,8 дриблинзи на меч.

ТОП 10 НАЈДОБРИ ДРИБЛЕРИ ЗА 2019/20

  1. Адама Траоре (Вулверхемптон)      6,3 дриблинзи по меч
  2. Нејмар (ПСЖ)                   6,1
  3. Алан Сен Максимин (Њукасл)     5,8
  4. Лионел Меси (Барселона)     5,7
  5. Џереми Год (Сасуоло)      4,7
  6. Вилфред Заха (Кристал Палас)      4,5
  7. Муса Џенепо (Саутемптон)           4,3
  8. Јусеф Атал (Ница)               4,2
  9. Мунир Шујар (Дижон)                    4,2
  10. Еден Азар (Реал Мадрид)               4,1

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата