Десет гранични полицајци веќе шести ден поради снежни врнежи се заглавени во полициската станица во село Танушевци, кај границата со Косово, објави Алсат.

Според извори на телевизијата, храната на полицајците е при крај, додека движењето им е оневозможено бидејќи снегот достига од 1,5 до 2,5 метри. Телефонските врски повремено не работат, а службениците бараат помош од одделот во кој припаѓаат.