Забрането овошје – интрига

Тоа е нешто на кое самата помисла дека еден ден ќе го има го возбудува… Тоа е забрането овошје, непристапна рајска градина, цел, мотивација, инспирација.

Одложена еротика

За мажот оралниот секс е како храна и вода, вие го држите возбуден со оваа техника на одложена еротика. Кога ќе му опишете што наскоро ќе добие во креветот, магијата е таму, тој ќе го сака тоа се повеќе и повеќе.

Со нетрпеливост до кулминација

Помислете само колку сте вие нетрпеливи кога на почетокот од седмицата со другарките ќе резервирате во омилениот локал за во сабота. Целата магија е во исчекувањето!

Секој пат кога ќе искусите нешто ново и одлично вашиот мозок, регистрира задоволство, зависност и блеснува.

Лишете го од задоволство за поголемо задоволство

Доколку посакувате практично да сака да скокне врз во вас во креветот и да ги искине алиштата од вас, тогаш одбивајте го за секс одреден период. Кога постојано ми давате едно задоволство тие полека се навикнуваат, па потребно е малку да го лишите од тоа за повторно да се појави истата возбуда.

Држете го во неизвесност барем една недела, но навестете му дека во понеделник ќе го поместите од умот. Па така во текот на неделата правете мали работи кои ќе го возбудуваат. Зборете му валкано или кажете му за каква секс поза сте читале.

Мистеријата ќе го крене вашиот сексуален живот во нови височини.