Во Јапонија, суши храната од риби и морски плодови во сирова форма со многу зачини се подготува преку 1000 години: од најдобрите делови од свежи, сирови риба со малку кисел ладен ори, автентични зачиниз и обврзно добро дизајнирана пред да се послужи – суши храната е совршена за лесно јадење.

Начинот на подготовка се променил со текот на годините. Во Европа и Америка, за разлика од Јапонија, суши се служи со зеленчук, овошје или месо. Лесно се подготвува, ако ги имате вистинските состојки и опрема: Ситен бел “леплив“ориз, оризов оцет, филети од риба со највисок квалитет, зачини како што вулканска сол и Васаби, нори листови (алги), простирка за ролување на маки суши, многу остар нож и други состојки од зачини за риба додавани како што вие сакате, затоа што можете да добирате и екпериментирате, и освен наведеното да одберете што најмногу ви одговара вам – сè е дозволено.

Нигири се состои од рачно изработена кнедли од варен ориз овална форма, покриена со парче риба.
Маки е ролувано парче суши риба. Вообишаено, оризот е замотан во нори лист, и полнет со риба.
Ура маки, познат како калифорниска ролна е – обратен суши. Нори листот е обвиткан околу филот, а оризот е од надворешната страна, посипан со сусам и икра. Ова се среќава често во суши рестораните во Америка и западна Европа, а поретко во Јапонија.  


Гункан маки е традиционално суши, чие име во превод значи “ролна борбен брод”. Се формира во овална форма која потсетува на брод, и таквиот облик дава можност врз него да се стават течните состојки кои на друг начин начин не би се одржале (јајца, остриги, јајца од препелица …).

Потоа, тука е и Сушими, кое не е суши во вистинска смисла. Свежите, сирови рибини филети се сечат на многу тенки парчиња со иста големина и се служат со сос од соја и скиселен зеленчук. Сашими не содржи ориз.

Подготовка

Типичниот суши ориз бел, тој е ситен или со средна големина, по варењето е леплив и се меша со вулканска сол, оцет од ориза и – малку шеќер.
Многу е важно за подготовка на оризот дека тој се плакне се додека водата не стане сосема бела и чиста, што може да трае долго, околу 1 час. Дури потоа оризот може да се вари, да се подготвува на пареа и да се зачини со оцет од ориз, но – без мешање!

Подготовка и сервирање на суши

1. Се стави лист од морската трева (алги) на подлогата за подготовка, при што се прекрива морката алга оставајќи го дел од листот на алгата празен на врвот.
2. Соема умерено се зачинува подготвениот орис со васаби зачин, тенко исечено парче риба, зеленчук, овошје и другите одбрани зачини. 
3. На подлогата правете ролна од суши, од долната страна кон нагоре, такашто , така што  листот од морската трева (алгата) да биде најгоре и да го затвори сушито.
4. Користејќи остар нож, подготвеното се сече на парчиња со дебелина од две до три сантиметри на чинија и на која има претходно ставено соја сос, Васаби и сиселени лисја од ѓумбир. (ролната за сушење се сече на 8 еднакви делови).

Во Јапонија, суши традиционално се јаде со прсти и секое парче е еден залак, ставен во устата – се јаде без гризење на паршето на делови. Може да се користат јапонски стапчиља, на кои претходно се  нанесува соја сос и васаби. Нигири Суши се мацнува во сосот од соја исклучиво од страната каде што е рибата. Ѓумбирот се користи помеѓу јадењето секое парче суши. (vecer.mk)