Во пустината во автономниот регион Внатрешна Монголија во северна Кина Една 67-годишна жена за 12 години засадила повеќе од 2 милиони дрвја за да ја исполни последната желба на својот починат син.

Таа успеала да преуреди 8,7 квадратни километри во огромната пустина Алкс.

Вели дека нејзиниот потфат е инспириран од желбата на нејзиниот покоен син Јанг, кој починал во 2000 година во сообраќајна несреќа во Јапонија, каде студирал.

Таа се сеќава дека нејзиниот син имал идеја за зазеленување на просторот откако видел вест за борбата против унуштувањето на зеленилото на северот на Кина.

Ми рече дека откако ќе заврши факултет, сакал да дојде дома и да засади дрвја, цела шума, рече Ји.

Со парите собрани од продажбата на куќа во Шангај, полисата за осигурување и други обештетувања, Ји и нејзиниот сопруг ја основале Green Life, непрофитна организација посветена на проекти за садење дрвја.

– Не можеме да земеме ниту денар со нас кога ќе го напуштиме овој свет. Но, ако ги искористиме парите за да засадиме дрвја, тие ќе останат во светот засекогаш – рече Ји.

Преку садење дрвја, Ји исто така се обидува да засади надеж за оние кои ја доживеале болката кога изгубиле дете.

– Разговарав и плачев со многу семејства навечер – вели Ји, после тоа, ги зедов со мене да садат дрвја.

Тоа е начин да им помогнеме на тие семејства преку нивната тага, да ги претворат своите чувства од негативни во позитивни, рече таа.