Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ имала голема љубов пред бракот со бизнисменот Тони Бијелиќ, а врската со тој човек траела десет години. Станува збор за бизнисменот и некогашен естраден менаџер Зоран Башановиќ. Драгана и Зоран биле заедно за време на деведесеттите години. Во тоја време тој не и бил само дечко, туку и менаџер. Нижеле успеси, уживале во љубовта, а потоа ставиле точка и на приватниот и на деловниот однос.

Драгана набрзо го запознала Тони за кого и се омажи во 2000 година, и со кого има две деца – ќерката Мануела и синот Марко.

Башановиќ во интервју од 2010 открил дека не е во контакт со фолкерката и признал дека во една прилика тајно се венчале. 

– Многу време тогаш поминувавме надвор од земјата. Постојат туристички венчавки на некои далечни дестинации и острови каде луѓето склопуваат бракови од шега. Така и ние се венчавме во една капела во Лос Анџелес, како и многу познати двојки. Венчавката не е никаде заведена и не се важи, рекол Башановиќ кој бил во врска и со нејзината колешка Мира Шкориќ.  

Башановиќ денес е во брак со извесна Бојана. Со неа доживеа голема непријатност во 2013 година кога беа уапсени на Флорида заради сомнеж дека извршиле тешка кражба во еден тамошен трговски центар.