Јужниот кинески град Шенжен е првиот град кој што е целосно опфатен со независно вмрежување на 5G, изјави во понеделникот градоначалникот на тој град, Чен Жугуи.

Чен на прес-конференцијата рече дека градот ја комплетирал поставената цел од 2019 година до крајот на август 2020 година да изгради 45,000 5G базни станици со цел целосно да се обезбеди воспоставување на градската мрежа на 5G, пренесува CRI.

Шенжен сега има над 46,000 5G базни станици, густина за која се верува дека е највисока во светот, соопшти градската служба за индустрија и информатичка технологија.

Следниот чекор е да се поттикне развојот на индустријата 5G со постигнување на успех во 5G технологија и градење на сеопфатен екосистем на 5G, пренесува Танјуг

Овој технолошки центар на југот на кинеската провинција Гуангдонг е дом на импресивна група технолошки гиганти, вклучувајќи ги Huawei и Tencent и кинеските стартапи.