Али Бектеши е полицаецот кој утринава трагично загина во сообраќајката во Маџари

Товарниот воз кој удрил во службеното возило, сообраќал на релација од Табановце кон Скопје.

Од полцијата велат дека увидот се уште трае и дека допрва ќе се утврдуваат причините за несреќата. Известен е јавен обвинител од ОЈО Скопје кој е на терен.

Во меѓувреме пријатели и познаници изразуваат сочувство до семејството на Али Бектеши преку социјалните мрежи.

Тој бил вработен во полициската станица во Гази Баба, а возилото „Фолксваген венто” кое беше удрено од возот било во сопственост на МВР.