Пејачката која учествува во шоуто “Твоето лице звучи познато” често ја гледаме на малите екрани, додека нејзината ќерка се крие од јавноста.

Ќерката на Мира Скориќ (47), Милица Јеремиќ (22), студент на четвртата година на Медицинскиот факултет, која е од бракот со д-р Васија Јеремиќ, со кого Мира помина неколку години.

Милица за разлика од својата мајка не сака да се промовира во јавноста, а во едно инервју неодамна, Мира откри нешто повеќе околу тоа.

“На Милица не и се допаѓа јавниот живот, но таа ме поддржува во сè, кога беше мала, можев да ја прелажамда појде со мене на некоја фотосесија или на ТВ шоу, но сега навистина не можам да влијаам на нејзините одлуки, таа самата сака така.”,рекла Шкориќ.