Најстариот тестамент во историјата на човештвото е пронајден за време на ископувањата вршени во областа Култепе на Кајсери во Турција. Се работи за областа каде живееле Асирците и каде Анадолија за првпат се запознава со писмото.

Ископувањата на локалитетот Култепе се вршат 68 години и како што е соопштено, тестаментот стар 4.000 години. Тестаментот е исто така првата табла со клинесто писмо извадена од еден мавзолеј.

На плочата се наоѓа тестамент во кој таткото му се обраќа на својот син.

Професор на Катедрата за археологија при Универзитетот во Анкара, д-р Кулакоглу Фикри рече дека на плочава пишува “.. Кога ќе го прочиташ ова писмо да одиш кај сопственикот на магарето. На сопственикот дај му 1/3 фунти сребро”

Во тестаментот таткото од синот побарал да му го подмири долгот.

Пронајдените предмети за време на ископувањата на местото каде што е откриен и најстариот тестамент ќе бидат впишани на листата на УНЕСКО како чувар на Меморијата на светот.