Ако мислите дека во прашање се диви ѕверови, се лажете. Кога ќе помислите на најсмртоносните животни во светот, вероватно мислите на лавови, тигри, мечки и слични животни.

Но, американскиот центар за контрола и превенција на болести тврди, животно кое претставува најголема закана за човекот нема врска со опасните диви ѕверови – комарците повеќе убиваат луѓе во светот отколку било кое друго животно.

Иако не ги сметаме за опасни туку само досадни, листа на смртоносни болести преизвикана со убод од комарците е прилично долга.

Една од најпознатите е маларија, зика вирус, дебга грозница, чикунгуња и вирусот Западен Нил кој се пренесува со убод од комарец и годишно убива милиони луѓе.

“Во изминатите 200 илјади години на Земјата живееле околу 108 милијарди луѓе. Скоро половина, односно 52 милијарди, убиени се од комарци“, тврди Тимоти Вајнгард, автор на книгата Коматрец: Човечка историја на најсмртоносниот предатор.