x

Ова е најлошиот клуб во историјата – има четири победи за 20 години

sueca-junajted

Знаеме кои се најсилните и најдобрите фудбалски клубови во Европа, а сте се запрашале ли кој е најлошиот фудбалски клуб. Во пониските лиги во многу европски првенства има тимови кои победата ја слават како национален празник, меѓутоа и меѓу нив има најлош.

Суека Јунајтед е клуб од предградието на Валенсија кој руши негативни рекорди. Во својата 20-годишна историја овој клуб победил само четири пати.

Поточно, во 2001 година Суека Јунајтед почнал да се натпреварува во најниската шпанска лига под името Сегунда Регионал груп 11. Досега се поминати речиси 20 години, тие одиграле околу 600 натпревари и победиле само четири пати!

Значи излегува дека Суека во просек победува еднаш на секои пет години или еднаш на секои 150 натпревари. Ниту еден клуб нема полош ефект и резултати на таков долг период.

Суека држи и неколку други негативни рекорди. Како на пример 546 примени голови на 32 натпревари во една сезона.

А сега малку за екипата. 80% од екипата ја сочинуваат луѓе кои се лекуваат од наркотици и алкохол, а тука се и бездомници и сиромашни. Сопственик на клубот е Пау Кодина кој дошол до идеја да формира клуб откако сакал да помогне на свој пријател кој од фудбалер на Виљареал поради алкохолот и дрогата станал бездомник и молел за помош.

Тие заедно го започнале овој проект со цел да им помогнат на луѓето зависници да се насочат кон нормален живот. Боите на клубот се истите оние на Манчестер Јунајтед инспирирани од легендарната екипа на Алекс Фергусон.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата