x

ОВА Е НАЈДОБРОТО НА ЕП: Дувњак е МВП, Карачиќ во „Ол-Стар“ тимот

Пред стартот на финалето меѓу Шпанија и Хрватска, ЕХФ го објави Ол-Стар тимот за ова Европско првенство.

Во него се најдоа ракометари од шест земји, а признанието МВП му припадна на Домагој Дувњак, кој беше дел од најдобрата седморка и на ЕП пред две години.

Секако место има и за Сандер Сагосен (лев бек) кој го урна рекордот на Кирил Лазаров и со 65 гола стана најдобриот стрелец на сите времиња.

Гонзало Перес де Варгас од Шпанија е најдобриот голмна на овој евро-шампионат, Магнус Јоендал од Норвеша е најдоброто лево крило. Хрватскиот ракометар и екс-вардар, Игор Карачиќ е најдобриот централен бек, во тесниот избор се најде Бенсе Банхиди од Украина (пивотска позиција), Хорхе Македа (Шпанија) е најдобриот десен бек, додека број еден десно крило е Блаж Јанц од Словенија. Кога сме кај дефанзивците најмногу гласови доби Хендрик Пекелер од Германија.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата