x

Ова е најгрдиот дрес во историјата на Интер!!!

Интер го претстави новиот дрес за следната 2020/21 сезона и со тоа веднаш ги разочара милионите фанови ширум светот. Се чини дека Најк одново потфрли, како и со новите дресови на Барса или Челзи. Ова е веројатно најгрдиот дрес на “неро-аѕурите“ во нивната историја.

Да кажеме дека ова е гостинскиот дрес, но…. треба ли да се каже уште нешто, треба ли коментар?

Што ли сакаше дизајнерот со ваква шара, дизајн или комбинација да каже, само тој знае.

За разлика од Најк, новите дресови на Адидас, во било кој клуб за наредната сезона, изгледаат фантастично.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата