Кога помислуваме дека сме ги виделе најголемите трансформации на возила во лимузини се појави Limo-Jet.

Фирми и работилници специјализиран за изработка на луксузни лимузини кои се изнајмуваат за свечени прилики често ја ослободуваат креативноста до максимум па така настануваат невообичаени возила како што е Ферари лимузина или Тесла лимузина.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=UhMi4526WL0 autoplay:0]

Американската компаннија Џетсетер ги надмина сите досегашни креации од овој тип трансформирајќи еден млазњак во лимузина, а наместо оригиналниот млазне мотор лимузината ја движи В8 агрегат.

Limo-Jet бил претставен на манифестација KnowledgeFest воДалас, а идеја за оваа модификација Ден Херис и Френк де Анџело од Џетсетер ја добиле уште во 2006 година.

По повеќе од една деценија замислата е реализирана.