Зголемената стапка на инфекција со коронавирус претставува закана за глобалниот туризам. Нова апликација, која ќе овозможи електрично снимање на резултатите од вашиот тест, и ќе функционира како здравствен пасош, може да овозможи отворање на спортски и забавни настани, како и закрепнување на туризмот.

Пронаоѓачите велат дека може да им се овозможи на здравите патници да избегнуваат карантин. Неколку илјади летни одмори пропаднаа поради пандемијата на Ковид-19, за време на која патувањата беа откажани и патниците беа принудени да се стават во карантин по враќањето дома.

Во средината на јули, бројот на потврдени случаи на глобално ниво скокна за еден милион за само четири дена. Бројни туристички дестинации беа затворени, а посетителите беа евакуирани од градовите.

Сега, новата апликација за „здравствен пасош“ ветува враќање на туристичката индустрија, која беше погодена од пандемијата. Глобалниот туризам падна за 97 проценти во април, според Светската организација за туризам на Обединетите нации.

Можно решение

CovidPass е апликација што ја усоврши младиот лидер на Светскиот економски форум, Мустафа Мокас.

CovidPass користи т.н. blockchain технологија за чување на криптирани податоци од индивидуални тестови на крвта и им овозможува на корисниците да докажат дека се негативни за Covid-19.

За разлика од апликациите за следење контакти, CovidPass нема да ги следи движењата на корисниците, бидејќи овие софтвери не се покажале како успешни. Германија, која важи за една од најуспешните земји во спроведувањето на доброволни апликации, во моментов има само 16 милиони корисници од 83 милиони граѓани. Експертите велат дека најмалку половина од населението мора да користи апликација за следење контакти за да може таа да биде ефикасна во борбата против вирусот.

Покрај тоа, државите се соочуваат со различни режими на тестирање за да го потврдат здравјето на патниците.

„Тоа не е доволно за да ги убедите туристите или здравствените власти“ – вели Мокас.
Мокас се надева дека неговата апликација, која ќе биде достапна од септември, ќе стане стандардизирано решение за авиокомпаниите, аеродромите и туристичките агенции и дека ќе го укине карантинот за здрави патници. CovidPass исто така може да овозможи да се отворат хотелите, кината, театрите, спортските и концертните сали.

Друга можна употреба би била да се помогне во рестартирање на меѓународните конференции и изложби, чиј бизнис е намален за 60 проценти, што резултираше во загуба од 180 милиони долари.