Светската метеоролошка организација денес предупреди дека глобалните температури може да го надминат клучниот праг, раст од 1,5 Целзиусови степени за прв пат во следните пет години.

Метеоролошката агенција на ООН соопшти дека метеоролозите предвидуваат дека постои веројатност од 20 проценти глобалната температура да биде 1,5 Целзиусови степени повисока од прединдустрискиот просек најмалку една година, во периодот меѓу 2020 и 2024 година.

АП потсетува дека државите ширум светот се согласиле во 2015 година дека ќе го ограничат глобалното затоплување на ниво од 1,5 Целзиусови степени.

Според научниците, просечните температури ширум светот се веќе најмалку еден степен Целзиусови повисоки отколку во периодот меѓу 1850 и 1900 година, како резултат на емисија на стакленички гасови од стаклена градина.

Светската метеоролошка организација, чие седиште е во Женева, наведува дека има 70 проценти шанси дека прагот од 1,5 степени Целзиусови ќе биде надминат за само еден месец во периодот меѓу 2020 и 2024 година.

Според него, се очекува во период од пет години просечната температура на годишно ниво да биде од 0,91 до 1,59 степени повисока од просечната во прединдустрискиот период.