x

Ова е Интер по вкусот на Конте!

konte-1-1

Интер синоќа одигра пеколно добро, го победи Шахтјор со 5:0 и без никакви проблеми се пласира во финалето во Лигата на Европа, каде го чека составот на Севиља. Велат статистиката е како бикини, се гледа, но не кажува многу. Имено Интер направил 21 фаул, а Шахтјор само 3. И знаете ли колку жолти картони доби тимот од Милано? Одговорот е ниту еден. Додека Украинците од тие три фаули добиле една опомена. Тоа значи дека Интер умешно ги правел тие бројни фаули.

Се чини дека конечно ова е Интер по вкусот на тренерот Антонио Конте. Цврста и силна добрана, разигран среден ред и маестрални Лаутаро и Лукаку во нападот.

Ова е тој Интер со печат на Конте.

Сега останува само да го победи „специјалистиот“ за Лигата на Европа, составот на Севиља и Интер да го освои првиот европски пехар по таа фамозна 2010 година кога Пандев, Мурињо и останатите ги покорија Европа и светот.

Со тој пехар во ЛЕ, Конте ќе покаже и докаже дека не бадијала е најплатениот тренер во Серија А со 12 милиони евра годишно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата