x

Ова е дресот на Реал за новата сезона, изгледа фантастично!

Иако актуелната сезона се уште не е завршена, познато е како ќе изгледа дресот на Реал Мадрид за следната, за таа 2020/2021. Јасно е дека тој е на Адидас, а главната реклама останува онаа на Флај Емирејтс. Кога сме кај деталите може убаво да се види дека мала промена има на ракавите. Во првата гарнитура, таа со бела боја, на ракавите ќе има „животинска текстура“ со розева и темно сина боја.  Вториот комплет е во розева боја, а најнеобичен е третиот комплет, кој е во темна боја.

Нема што, како и секогаш, и новиот дрес на Реал изгледа фантастично.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата