Земјотрес со јачина од 4,4 го погодил Халкидики.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени рано утрово го погоди Халкидики, соопштено е од Аристотеловиот универзитет во Солун.

Епицентар на земјотресот, кој се случил во 00.16, бил 125 километри југоисточно од Солун во водениот дел на Халкидики, пренесува АНА.

Како што се наведува, после првиот удар следел послаб потрес со јачина од 2,6 степени.

Засека нема информации за било каква направена штета, освен видно преплашени граѓани на Солун.