x

Ова веќе е загрижувачки: Фиорентина веќе осум меча по ред не знае за победа

fio

Екипата на Фиорентина одигра само 1:1 против Верона на домашен терен, а овој бод не ги однесе погоре на табелата и тие се блиску до опасната зона. „Виолетовите“ имаат само две победи сезонава, а последната ја забележаа над Удинезе на 25 октомври. Од тогаш четата од Фиренца одигра осум првенствени натпревари и ниту еднаш не победи (четири ремија и четири порази).

Ова се сериозни киксови кои можат скапо да ја чинат Фиорентина на крајот на сезоната. Денеска губеа од Верона со 0:1. Гол од пенал постигна Велосо, а десет минути подоцна изедначи Душан Влаховиќ исто така од пенал.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата