„Скопје креатива 2017″, треба да обезбеди промоција на вредности, производи и услуги од областа на креативните индустрии како што се: дизајн (проект дизајн/ индустриски дизајн, графички, моден, мебел… функционални креации), визуелни уметности, културни локации, нови медии, креативни услуги, изведбени уметности, аудио-визуелени уметности, традиционални културни изразувања, издавачки и печатени медии.

На конкурсот, информираат од „Скопје креатива”, може да учестуваат правни лица и физички лица, кои делуваат во рамките на следните дејности: дизајн (продукт, графички, моден дизајн …); архитектура/ентериер; занаети; филм, ТВ, видео, радио, фотографија; ИТ сектор, софтвери, компјутерски услуги; издаваштво; музеи, галерии, библиотеки; огласување и маркетинг и друго.

За добивање на финансиските средства правните лица треба да бидат регистрирани во Централен регистар на РМ, а физичките лица да живеат и делуваат во Република Македонија, правното / физичко лице треба да аплицира со инвентивен прототип (фокус на Скопје креатива 2017), кој може да биде во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на култура, наука, технологија и/или други области од економијата, меката и тешката индустрија, правното / физичко лице да има референтна листа или ЦВ од најмалку три реализирани проекти од областа на културата или креативните индустрии и да има искуство во менторирање или реализација на работилници, тренинзи, обуки, предавања од областа на културата или креативните индустрии.

Заинтересираните кандидати треба да ја преземат пријавата од официјалната веб страна на www.skopjekreativa.mk.

Покрај пријавата кандидатите задожително треба да достават наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проект за прототип, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата, (за правни и физички лица), основни податоци од регистрацијата на правното лице и ДРД – Образец од Централен регистар на РМ (копија во печатена форма), референтна листа (евиденција) на реализирани претходни проекти во печатена форма (за правни лица), биографија/ЦВ (за физички лица), професионално портфолио на УСБ (за правни и физички лица), точно пополнета пријава (за правни и физички лица), професионална биографија/ЦВ на стручните лица – соработници, кои ќе бидат ангажирани во реализација на проектот (за правни и физички лица).

Документите треба да бидат доставени во печатена и дигитална форма/ УСБ.

Пријавите треба да се достават во адресирано плико до Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски”, по пошта на адреса: бул. „Партизански одреди” б.б. или лично во Архивата на ЈУ Конгресен центар „Александар Македонски”, најдоцна до 15 часот на последниот ден од завршувањето на конкурсот (со назнака на пликото: За Скопје креатива 2017).

Трудовите ќе ги оценува Комисија составена од седум члена. За резултатите од конкурсот подносителите на пријавите ќе бидат информирани во писмена форма во рок од 15 дена по истекувањето на конкурсот, поточно по донесувањето на одлуката за избор на најповолни понудувачи.

Дополнителни информации и појаснувања може да се добијат на телефон 02/ 3245-615; 071 237 363 / 075 288 143, и имејл [email protected], [email protected] .