Објавена е снимка на која се слуша како претседателот на САД, Доналд Трамп, енергично говори за отпуштање на екс-амбасадорката во Украина, Мари Јованович, а во еден момент вели: „Ослободете се од неа“.

Снимката е од донорска вечера одржана во април 2018 година во Вашингтон.

Јованович беше разрешена од оваа фуниција во мај 2019.

Видеото јавно го сподели адвокатот Лев Парнас, бизнисмен роден во тогашниот Советски Сојуз, кој работел на смената на Јованович.

„Отпуштете ја, отпуштете ја утре. Сеедно ми е, направате го тоа”, се слуша Трамп како говори на снимката, пренесе „Си-ен-ен“.

Разговорот е во спротивност на изјавите на Трамп дека тој не ги познава Парнас.

извор: Makfax