Шпекулациите се потврдија, откако бил хакиран Icloud профилот на мајката на Џејмс, каде што имало приватни фотографии од заљубениот пар. На фотографиите ѕвездите се бакнуваат на приватна јахта, прославуваат роденден во интимна атмосфера и прават селфи во тоалет. На Џејмс воопшто не му било мило, кога фотографиите се појавиле. И двајцата се познати по тоа што вешто го кријат својот љубовен живот, но ете, се може да се случи.