Михаилова-Бошнакоска, Пандева, Николовска и Поповски се добитниците на годишните награди на ДПМ за најдобри книжевни остварувања во 2016 година.

Наградата “Ацо Шопов” за најдобра поетска книга и е доделена на Гордана Михаилова – Бошнакоска за стихозбирката “Песна на ридот”, наградата “Стале Попов” за најдобра прозна книга ја доби Лилјана Пандева за романот “Доилката”, наградата “Димитар Митрев” за најдобра книга од областа на литературната критика и есејот и е врачена Кристина Николовска за “Светлинска”, додека наградата “Ванчо Николески” за најдобра книга за деца и млади ја доби Александар Поповски за стихозбирката “И по сто пати”.

Наградите на авторите ќе им бидат свечено доделени на 16 февруари, денот кога се одбележува формирањето на ДПМ.