„Вашингтон пост“ ја објави последната колумна на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги. Уредничката Карен Атија објасни дека чекала со објавувањето, бидејќи досега мислела дека новинарот ќе им се јави, пишува Си-ен-ен.

„Морам да прифатам дека тој никогаш нема да се врати кај нас, и ова е неговиот последен напис што го уредувам. Оваа колумна совршено ја опишува неговата посветеност на борбата за слободата на арапскиот свет. За таа слобода, очигледно, го даде и својот живот”, напиша уредничката на „Вашингтон пост“, Карен Атија.

Во последната колона, Џамал Кашоги зборуваше за недостатокот на слобода на говорот и медиумите во арапскиот свет. Исто така, тој предупреди дека „арапскиот свет се соочува со сопствена верзија на Железната завеса, која не ја наметнаа надворешните фактори, туку внатрешната борба за моќ и моќ”.

извор: Makfax