Книгата „Една митопоетика” на Софија Тренчовска неодамна излезе од печат во издание на „Македоника литера” од Скопје.

Во првиот дел од книгата е поместено студиозното монографско истражување „Митопоетиката во раните драми на Јордан Плевнеш” со херменевтички, митопоетски, филозофски и научен дискурс кон драмското творештво на овој македонски писател. Притоа авторката Тренчовска прави интерпретации на пиесите „Еригон”, „Мацедонише цуштенде”, „Југословенска антитеза”, „Р” и „Слободен лов” кои упатуваат на еден автентичен митопоетски систем, велат од издавачот.

Вториот дел на книгата е составен од три текста за делата на Војдан Чернодрински, Ѓорги Абаџиев и Коле Чашуле, во областите: театар, интермедијалност, филм и наратологија.