Обожавателите на пејачката Рита Ора биле изненадени кога дознале дека нејзините родители се белци.

Ора е родена во Приштина, а нејзините родители се Албанци. Пред неколку месеци таа за „Вог“ зборуваше за својата етничка припадност и откри дека нејзиното семејство отишло во Англија за да го избегне прогонот.

„Кога почна конфликтот во поранешна Југославија, моите родители донесоа одлука да заминат“, рече таа. „Косово секогаш ќе биде наша татковина и ние секогаш ќе бидеме горди Косовци“.

View this post on Instagram

?

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Но, 29-годишната пејачка беше обвинета на „Твитер“ за „блекфишинг“, термин што се користи за луѓе обвинети дека на социјалните мрежи се преправаат оти се од црна или мешана раса. Ким Кардашјан, Кајли Џенер и Аријана Гранде беа цел на слични обвинувања.

На социјалните мрежи луѓето ја обвинуваат Ора дека ја присвоила црната култура со својот стил и имиџ.

Некои посочија дека пејачката претходно објавила фотографии на кои носи афрофризура и плетенки и ја обвинија за културно присвојување.

Ора многу години зборува отворено за своето потекло. Во интервју за Channel Four таа зборуваше за тешкотиите во почнувањето нов живот како бегалец во Велика Британија.

извор: Makfax