x

ОБНОВЕНО: Двајца позитивни на Ковид-19 во Вардар

vardar-pozdrav-e1602797145422

Вардар 1961 не полета за Париз, каде утре требаше да го одигра дуелот против ПСЖ во рамките на шестото коло во Лигата на шампионите. Според информациите до кои дојде СПОРТМЕДИА чартерот е откажан засега, една од причините е Франција и Ковид-протоколите во оваа земја, кои најново вовела нови мерки и рестиркции.

А додека втората е двајца позитивни на коронавирус во редовите на актуелниот првак. Не станува збор за играчите и членови на стручен штаб, туку за двајца од останатите членови кои се дел од тимот.

СПОРТМЕДИА се обиде да стапи во контакт со Вардар 1961, но засега не добивме никаков одговор за новонастанатата ситуација.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата