Времето денеска ќе биде облачно и не многу студено со повремени врнежи претежно од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во источните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со повремен снег и со умерен до засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 2 степена.

извор: Makfax