Времето денеска ќе биде значително облачно со повремен дожд поинтензивен во јужните делови.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени, јави УХМР.

Во Скопје претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

извор: Makfax