x

Обид да се запали билетарата на Динамо Загреб

Вандалски чин во кругот на стадионот Максимир во Загреб. Засега непознат сторител се обидел синоќа да ја запали благајната на стадионот која е всушност монтажен контејнер пред стадионот, каде што се продаваат билети за натпреварите на Динамо Загреб.

Успеал да ја прескокне оградата, да запали факел и да го фрли пред вратата на благајната. За среќа предизвиката е само материјална штета, а официјално соопштение објави и клубот, во кое се бара од органите на да го решат случајот и да се пронајде сторителот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата