На денот на реизборот на Талат Џафери, старо-новиот претседател на Собранието, дел од неговото обезбедување се ладеше надвор од возилата, на тревникот пред законодавниот дом.

Дел од обезбедувањето манифестираше професионални манири, но еден од нив беше легнат, онака како на излет на тревникот, каде што се наоѓа македонското знаме во вид на цветен аранжман.