Велешанец пријавил во полиција дека му се заканувало вработени во обезбедувањето на дискотека во градот. Според полицијата, Х.К.(22) од Велес пријавил дека на 1 јануари околу 2 часот од страна на Ј.Л.(23) и Б.С.(35), вработени како обезбедување во дискотека лоцирана на улицата ,,Алексо Демниевски“, бил однесен во магацинскиот простор кој се наоѓал во склоп на дискотеката, каде му упатиле закани и потоа го пуштиле да си оди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax