Лондонскиот премиерлигаш Вест Хем е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на белгискиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Наполи, Дриес Мертенс.

Двата клуба се веќе седнати на преговарачката маса, а од продажбата на крилниот напаѓач, сопственикот на “азурите”, Аурелио де Лаурентис, очекува заработувачка не помала од 30 мил. евра.

Поранешниот фудбалер на ПСВ до пред неколку месеци важеше за голема желба и на раководните лица на Манчестер Јунајтед.