Овој месец Обединетото Кралство можно е да ги увезе најголемите месечни количини на течен природен гас (ЛНГ) досега и да го собори рекордот од октомври 2015 година, објави порталот Energy Market Prices.

Рекордниот увоз беше поттикнат со развојот на новите глобални синџири на снабдување, а на него влијаеше и намалената зимска побарувачка во Азија и ниските цени на пазарот, што ја зголеми понудата со ЛНГ во Европа.

Во март во Велика Британија пристигнуваат 14 бродови со ЛНГ, а зголемувањето на увозот на ЛНГ ги намали цените на гасот во Велика Британија на најниско ниво за 18 месеци, според „Ројтерс“.

Големопродажните цени на гасот во Велика Британија се преполовија од септември минатата година, што е сосема необично бидејќи зимата е врв на побарувачката за природен гас во Велика Британија.

Но, зголемената понуда на ЛНГ ги намали цените, велат аналитичарите на порталот Energy Market Prices.

извор: Makfax