Ургенции или пари за подобар кревет во државните карантини?! Повратници од странство откриваат дека лица вратени со т.н. хуманитарни летови на Владата, фаќале „врски“ за да бидат сместени во подобар хотел или во домашна изолација. Скопјанецот Дејан Димитриевски, кој во екот на короната се затекнал во Перу, а сега е сместен во карантин во Кавадарци, сведочи дека млади лица кои допатувале со него, уште на самата граница, барале партиски или пријателски врски за да бидат сместени во Скопје, јавува Алфа.

„Се бараа врски по партиска линија, по пријатели, роднини, за да се оди во Скопје. Еден од тие што се сега во Ибис сместени, беа извикани од полицијата надвор, тогаш се случува договорот. Стигнаа до Кавадарци, најверојатно планот бил да не се прави паника помеѓу нас останатите 24. На тивок начин беше, нас не затворија сите во собите, а нив потоа ги извадија“, вели Димитриевски.

Од генералниот секретаријат негираат – велат има неколку случаи на повратници преместени од државните карантини, но зад сите нив имало оправдани здравствени причини.

Алфа неодамна објави дека мајка и ќерка од Радовиш кои во земјава допатувале од Швајцарија, наместо да поминат 14 дена во државен карантин, ургирале да бидат преместени во домашна самоизолација. Тие од хотелот Попова Шапка, со возило на Итната помош од Штип, биле префрлени во нивниот дом. За овој случај Алфа одговор побара од надлежното Министерство за здравство, но за сега не добивме објаснување.

Целата сторија на следниов линк