Обвинителството ја отфрли кривичната пријава против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети за дивите платформи на Матка. Иницијативата за кривичен прогон ја иницираше Антикорупциската комисија поради сомневањата дека Беџети свесно и намерно не презел ништо за да го утврди правниот статус на бесправно изградените платформи, пишува Алсат-М.

Сепак, обвинителот утврдил дека во постапувањето на Беџети нема елементи на кривично дело и оти тој спровел процедури во рамките на своите надлежности, па донел негативни решенија на барањата платформите да се легализираат. Дополнително, обвинителството има предистражна постапка за градителите на дивите објекти на Матка.
 

Извор: Алсат-М