Грем Гудал, на фотосот, ја поседува најголемата приватна колекција на источногермански “трабанти” во светот, која се состои од 49 автомобили. Пензионираниот инженер Гудал од Јулгрив, Англија, е обвинет бидејќи одбил да ги отстрани автомобилите од неговиот овоштарник кој се наоѓа веднаш до пешачка патека, па според локалните власти “трабантите” претставуваат непријатна глетка за минувачите! (АП)