Четворицата обвинети за случувањата на „27 април“ на денешното рочиште се изјаснија дека не се виновни оти обвинението е класичен политички прогон.

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски изјави дека ова е нарачка на извршната власт за да се влијае на гласањето за уставните измени.

Го разбрав обвинението, но разбрав и дека Обвинителството нема докази. Се работи за класичен политички прогон со цел пратениците да гласаат за уставните промени и пратениците тоа да го изнесат пред јавноста, рече Вељаноски пред судот.

Спиро Ристовски како и Вељаноски истакна дека се работи за политички прогон

Aпсолутно не се чуствувам виновен бидејќи се работи за класичен политички прогон.

Миле Јанакиески рече дека активно ќе учествува во процесот со цел целата македонска јавност да ја дознае вистината за „27 април“.

Не се чуствувам воопшто виновен и тоа ќе го докажеме преку материјални докази и сведоци.“, рече јанакиески

Вина не чуствува ниту поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.