Ресенското обвнителство поднесе обвинение против 12 лица поради непостапување според здравствените прописи. Обвинетите на 22.05.2020 година, вo 23:50 часот, во селото Долна Бела Црква – Општина Ресенне ја почитувале забраната и посебниот режим на движење. Тие за време на полициски час биле затекнати од полициски службеници од ОВР – Ресен пред продавница во с.Долна Бела Црква, без да поседуваат дозволи за движење.

Заради непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, обвинителството поднесе предлози за издавање казнени налози со кои на Основниот суд Ресен му предложи на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противредност.

извор: Makfax