Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен предлог против едно лице, државјанин на Република Црна Гора, кој се товари дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 13-ти минатиот месец без повод и причина, го нападнал оштетениот пред гостилница во Скопје и тешко телесно го повредил, удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Од ударите оштетениот се здобил со повеќе набијни повреди и скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот го напуштил местото на настанот, посочија од обвинителството.

Оттаму додаваат дека надлежниот јавен обвинител до судот доставил и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија и не би можело на друг начин да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.

извор: Makfax