x

Обамејанг: Одбив понуда од Барселона

ecwqm_rx0ai4kgk

Пјер-Емерик Обамејанг во интервју за Канал плус во Франција, истакна дека одбил неколку добри понуди, пред се онаа од Барселона за да го смени тимот. Тој ги објасни причните зошто се решил да остане во Лондон.

„Одбив неколку понуди, пред се онаа од Барселона. Една од главните причини беше Микел Артета. Со него разговарав неколку часови, за иднината, за неговите планови, и размислив, се решив да останам тука“, рече Обамејанг кој сака да остане траен белег во тимот од Лондон. 

„Можев да отидам некаде во друг клуб, но тука навивачите ме познаваат, веќе ме научија. Требаше да бирам меѓу тоа сега да почнувам во некој друг тим, или тука да оставам траен белег. Го одбрав ова второво“, рече Обамејанг. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата